Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Силјановска Давкова до Османи: Доцните со доаѓањето, требаше многу порано да реферирате за Бугарија

Силјановска Давкова до Османи: Доцните со доаѓањето, требаше многу порано да реферирате за Бугарија
Img 7972

Доаѓате овде доцна, инспириран од господинот Петков бидејќи тој веднаш побара пред бугарското народно собрание да ја објасни целата ситуација во односите со нас, му порача пратеничката и професорка Гордана Силјановска Давкова на денешната собраниска комисија на министерот Бујар Османи.

„Јас од телевизија дознав за нотата на Бугарија испратена во ОН и се чудев на логиката. Краткото име нешто друго асоцира. Ако во минатото речете Република Македонија, или државата Македонија тоа е референца специфика во однос на Македонија генералис, историја, географија, етнографија, сега не е така. Зошто кога ќе ја кажете државата со новото име тоа е територија која нема однапред одредница. Значи ако имаше во науката и меѓународните односи се споредуваат исти ентитети, не се споредува држава со географски територии“, рече Силјановска Давкова.

Таа кажа и дека се чуди каде е претседателот на државата по однос на ова прашање.

„Се чудам каде е претседателот, морам да кажам. Овде треба тој да се појави бидејќи може тој тоа да го направи на наше барање, а може и сам, тоа е исто така една поента“, нагласи таа.

Според пратеничката, Османи повеќе пати ја споменал резолуцијата за црвените линии во проговорите, но како што рече, неколку пати со неговите изјави излегол надвор од резолуцијата.

Можете да прочитате

Ацевски: Две нови катни гаражи околу пазарот во Ѓорче – решаваме долгогодишен хаос со паркирањето

Филипче од Берово: За 4 години со СДСМ во Берово има над 100 развојни проекти

Филипче: Се бориме за 500 евра минимална плата и достоинство за секој работник