Утрински Весник
Македонија

207 санкционирани сообраќајни прекршоци во Скопје – 104 за недавање предност на пешаци

207 санкционирани сообраќајни прекршоци во Скопје – 104 за недавање предност на пешаци

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 207 мерки, меѓу кои за недавање предност на пешаци 104 санкции, возење повеќе од дозволената брзина шест санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 17 санкции за технички неисправни возила.

Изречени се две мерки за возач почетник, осум санкции за зборување на мобилен телефон, пет мерки за минување на затворен сигнал црвено светло, 14 санкции за прекршоци што ги чинат пешаците.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи како би се зголемила безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можете да прочитате

Тошковски: Каталогот за континуирани обуки е нов чекор кон модерна, професионална и ефикасна полиција

За едно деноноќие приведени 24 возачи за безобѕирно управување

Македонија и Катар ќе ја продлабочуваат соработката во безбедноста и економијата