Формула 1-шампионатот ќе има целосно нова структура за менаџирање на трките во обид да се избегне нова контроверзија како на последната трка од минатата сезона во Абу Даби, тврди Би-би-си.
По драматичниот финиш на сезоната, во кој Макс Ферстапен го помина Луис Хамилтон во последниот круг во Абу Даби кога безбедносното возило се тргна од патеката по необичната наредба на директорот на трката, Мајкл Маси, Мерцедес најави протест, а потоа се откажа, иако побара менување на системот во Ф1.
Според Би-би-си, плановите на ФИА се да се воведат серија безбедносни мерки со кои директорот на трките на Ф1 ќе може да прави послободни одлуки, но без притисок од шефовите на тимовите. Исто така, останува нејасно дали Маси ќе ја задржи својата позиција иако ФИА смета дека тој бил нефер нападнат од шефовите на двата ривалски тима, Тото Волф и Кристијан Хорнер.
Исто така, можна е и ревизија на изборот на стјуардите на трките, кои се независни од директорот на трки и одлучуваат за прекршувањето на правилата.
> Формула 1 ќе има нов начин на менаџирање на трките, Маси ќе биде жртвуван? <