Утрински Весник
Спорт

Инфантино ја „објасни“ изјавата за мигрантите

Инфантино ја „објасни“ изјавата за мигрантите

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино се обиде да ја „разјасни“ контроверзната изјава дека со оддржување на Светско првенство во фудбал секои две години ќе помогне африканските мигранти „помалку да умираат на море“.

Преку Твитер, Швајцарецот објасни дека не му била намера директно да го поврзе Мундијалот со заштитата на животот на африканските мигранти.

„Бидејќи моите забелешки пред Советот на Европа беа погрешно интерпретирани и извадени надвор од контекст, сакам да разјаснам дека во мојот говор пораката беше дека сите кои се на позиција за носење одлуки имаат одговорност да ја подобрат ситуацијата на луѓето низ целиот свет. Ако има повеќе можности, вклучувајќи во Африка, но не само таму, тогаш луѓето ќе ги искористат тие можности во своите земји. Тоа беше обичен коментар, неповрзан со одигрувањето на Светските првенства на секои две години“, вели Инфантино.

Инфантино: Со СП на две години ќе има помалку мигранти кои умираат на морињата

> Инфантино ја „објасни“ изјавата за мигрантите <

Можете да прочитате

ФИФА откажа 2.000 хотелски резервации за СП 2026 година во Филаделфија

Поднесена е жалба до Европската комисија против ФИФА поради цените на билетите за Светското првенство

Реми на македонските ракометари со Австрија