Утрински Весник
Македонија

Претставници на одборот за одбележување на празникот Свети Сава на средба со Претседателот Стево Пендаровски

Претставници на одборот за одбележување на празникот Свети Сава на средба со Претседателот Стево Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски, по повод националниот ден на Србите во Република Северна Македонија, денеска ги прими претставниците на организациониот одбор за одбележување на празникот Свети Сава и нивните гости: Никола Селаковиќ, министер за надворешни работи на Република Србија, Жељка Цвијановиќ, претседател на Република Српска, академик д-р Славенко Терзиќ, како и амбасадорите на Република Србија и Босна и Херцеговина во нашата држава, Невена Јовановиќ и Драган Јаќимовиќ.

Честитајќи им го празникот, претседателот Пендаровски истакна дека српската заедница е нераскинлив дел од нашето мултикултурно општество и заедно со другите народи во заедничката татковина придонесуваат во градењето на нашето демократско општество.

Претседателот Пендаровски со своите соговорници разговараше и за можностите за продлабочување на соработката во повеќе области од заемен интерес.

Можете да прочитате

Неофицијално: Искра Хаџи Василева освои најмногу гласови за шеф на Обвинителството за организиран криминал

Ги врзувале, тепале и ограбувале за пари и злато: Нови детали за двете убиства во Скопје

Двајца мигранти од Алжир краделе пари од кафуле во Аеродром