Утрински Весник
Магазин

Крис Нот со сопругата прпат по наводите за сексуален напад

Крис Нот со сопругата прпат по наводите за сексуален напад

Крис Нот беше фотографиран со неговата сопруга Тара во Јужна Калифорнија во вторникот попладне за првпат откако четири жени го обвинија за недолично однесување и сексуален напад.

Актерот беше на средба со своето семејство – сопругата Тара со која е во брак речиси 10 години, и двата сина, Орион (14) и едногодишниот Китс.

Медиумите веднаш забележаа дека Крис (67) го носи својот венчален прстен, а Тара (39) е без нејзиниот. Таа се обидува да продолжи да изгледа нормално по скандалот што моментално го мачи нејзиниот сопруг.

Средбата доаѓа по скандалот со ‘Мистер Биг’, што го поттикна креативниот тим зад новата сезона на „Сексот и градот“ да го избрише неговото камео појавување во завршната епизода.

Нот остана во голема мера надвор од очите на јавноста по сторијата на „Холивуд репортер“, кој објави сведоштва на две жени под псевдоними Зои (сега 40) и Лили (сега 31). Неговата сопруга се отсели од семејниот дом пред Божиќ.

Можете да прочитате

Розов шум“ може да го влоши сонот, особено кај децата

Домот ви мириса непријатно? Овие навики можеби се виновни

Месечината во Девица носи длабока љубов: Три знаци се особено среќни