Утрински Весник
Македонија

Жител од тетовското село Добарце со автомобил удрил во свои соселани

Жител од тетовското село Добарце со автомобил удрил во свои соселани

Во СВР Тетово вчера во вечерните часови било пријавено дека на локалниот пат во тетовско Добарце, автомобил „опел вектра“, управуван од 44-годишниот Х.Ј. од ова село, удрил во Б.К. (34), В.Л. (35) и Ф.Л. (42), негови соселани.

Во несреќата, В.Л. и Ф.Л. се здобиле со тешки, а Б.К. со телесни повреди, констатирани во тетовската болница.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.

Можете да прочитате

Уапсени четири лица за двете убиства во Ѓорче Петров

Манасиевски: Филипче, Заев и Ковачевски се првите другари на Вучиќ, не можат да се исперат колку и да пробуваат

Слобода на медиумите не е само декларација: Владата воспоставува систем за заштита на новинарите