Утрински Весник
Свет

Возачот е виновен за автобуската несреќа кај Струма, заклучи бугарското обвинителство

Возачот е виновен за автобуската несреќа кај Струма, заклучи бугарското обвинителство

Бугарското обвинителство ја заврши истрагата за автобуската несреќа на автопатот Струма во која загинаа 45 македонски државјани.

Заменик-главниот обвинител Борислав Сарафов за БТВ изјави дека причината за несреќата е губењето контрола на автобусот од страна на возачот и големата, несоодветна брзина на возење според условите на патот.

„ Тоа е една човечка трагедија без преседан по бројот на жртви, но и без преседан, како интензитет на работа што ја завршивме. Истрагата е завршена и останува само по судски пат да бидат известени властите во Македонија. Со оглед на тоа дека и семејствата на настрадните имаат право да се запознаат со материјалите од истрагата“, изјави Сарафов.

Заклучоците треба да бидат испратени до македонските власти, откако двете страни на денот на несреќата се договориле истрагата да ја води само бугарска страна.

Во автобуската несреќа, што се случи на 23 ноември 2021 година, загинаа 45 македонски државјани, меѓу кои и возачот, а седуммина преживеаја. Меѓу загинатите беа и 12 деца.

За автобусот се знае дека е стар 14 години, сопственост на македонскиот превозник „Беса транс“, а последен пат поминал на технички преглед три месеци пред несреќата.

Можете да прочитате

Експлозија и пожар во рафинерија во Тексас

Фон дер Лајен повикува на договор за војната во Иран

По вчерашниот пад, денеска нов скок на цените на нафтата