Утрински Весник
Македонија

Ковачевски-Карадај: Го засилуваме интензитетот на дијалогот меѓу двете земји за деблокирање на евроинтеграцијата на Македонија

Ковачевски-Карадај: Го засилуваме интензитетот на дијалогот меѓу двете земји за деблокирање на евроинтеграцијата на Македонија
Dik 300x250 mk

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, на маргините на својата официјална посета на Република Бугарија се сретна со претседателот на Движењето за права и слободи и пратеник во Собранието на Република Бугарија, Мустафа Карадај.

На средбата со Карадај, на која присуствуваа и Артан Груби, прв заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Славица Грковска, заменик-претседател на Владата задолжена за политики за добро владеење, Бујар Османи, министер за надворешни работи, и Горан Милевски, министер за локална самоуправа премиерот Ковачевски го пренесе неговото и задоволството на членовите на Владата на Северна Македонија од возвратната официјална посета на Софија само за седум дена откако во Скопје, за време на официјалната посета на премиерот Петков беше договорено дека за една недела ќе се одржи заедничка седница на двете влади.

Премиерот Ковачевски и претседателот на Движењето за права и слободи и пратеник во Собранието на Република Бугарија Мустафа Карадај изразија заедничка надеж дека започнатиот интензивен дијалог меѓу двете земји на највисоко ниво бргу ќе ги даде очекуваните резултати од кои се очекува разрешување на отворените прашања меѓу двете земји и деблокирање на процесот за евроинтеграцијата на Северна Македонија.

Можете да прочитате

Спасовски: Резултатот е катастрофален, но вината не е само кај Филипче

Онкологија со месеци без тумор маркери и основна терапија за пациентите со рак

Безживотно тело на млада девојка најдено во Тетово