Утрински Весник
Македонија

Ковачевски-Минчев: Соработката на парламентите на двете земји е исклучително важна за заедничка иднина во ЕУ

Ковачевски-Минчев: Соработката на парламентите на двете земји е исклучително важна за заедничка иднина во ЕУ

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски и владина делегација се сретна и со претседателот на Собранието на Република Бугарија Никола Минчев.

На средбата премиерот Ковачевски го поздрави одбележувањето на 30 годишнината откако Република Бугарија прва донесе одлука да ја признае Република Македонија на 15 јануари 1992 година, со што беше отпочнат процесот на верификација на нашата држава на меѓународен план и на воспоставувањето на дипломатски односи со повеќе држави.

Ковачевски истакна дека оваа годишнина, како и одбележувањето 15 години од приемот на Република Бугарија како полноправна членка во ЕУ, како симболични датуми ќе бидат преточени во еден нов датум, кој ќе биде препознаен по решавањето на отворените прашања меѓу двете соседни и пријателски земји со што ќе се создадат услови за заедничка иднина во европското семејство.

На средбата беше истакната како исклучително значајна иницијативата на парламентите на Бугарија и Северна Македонија за потесна соработка и во дополнителни формати покрај оние кои веќе постојат како стандардни пратенички групи за соработка меѓу пратениците на двете земји.

Можете да прочитате

Муцунски за Euronews: Не сме проевропска држава само во реториката, туку и во вредностите што ги спроведуваме

Кривична пријава против три лица од Гевгелија и Струмица, организирале набавка и продажба на кокаин

Српски државјанин уапсен во Скопје, планирал ликвидација?