Утрински Весник
Македонија

(Видео) Стоилковски: Дали во случајот Лабораторија во Визбегово е вмешан братот на шефот на кабинет на Ковачевски?

(Видео) Стоилковски: Дали во случајот Лабораторија во Визбегово е вмешан братот на шефот на кабинет на Ковачевски?

“Полицијата на Оливер Спасовски спроведува акција за борба против за дрогата, открива и влетува во лабораторија, сето тоа видео го документира и видеото се пушта во медиумите како успех, за веднаш потоа да се изгуби трага од случајот во Визбегово.Видеото зад мене е полициската снимка објавена во медиумите.Односно, да се сокрие понатамошниот процес за трите лица фатени во акција, фактички е она денес и вчера го поставуваме како прашање до власта.”,изјави на денешната прес-конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Стоилковски додава дека причината за криењето лежи во презимето на главниот во фатената група – Попов, кој што според информациите е братот на шефот на кабинетот на Ковачевски, Мартин Попов!

Тој прашува дали таа братска врска беше пресудна наместо активен, да има домашен притвор за групата, иако постоело опасност од бегство и повторување на делото според ЈО?

Дали братската врска била пресудна за одолговлекување на домашниот притвор за да се скрати времето минато во затворска ќелија, можеби, за братот на шефот на кабинет на Димитар Ковачевски?

И конечно, дали братската врска била пресудна за медиумско забошотување на случајот нарко-лабораторија во Визбегово.

Можете да прочитате

Левица: Полицијата на Тошковски и ДПМНЕ ја гуши тагата наместо да носи правда

ДЗС: Десет активни пожари, најтежок за гаснење во „Јасен“

За осум месеци регистрирани нови 30 000 корисници на Националниот портал за е-услуги