Утрински Весник
Македонија

(Видео) Митрески: Предвремени избори нема да има

(Видео) Митрески: Предвремени избори нема да има

За укинување на техничка Влада потребен е консензус, предвремени избори нема да има, ВМРО-ДПМНЕ прави театар изјави на денешната прес-конференција Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата.

Тој додаде дела техничката Влада беше формирана после Пржинскиот договор за да се одржат фер и демократски избори во 2016 година и според тој договор таа техничка Влада или пржинската Влада требаше да биде активна само за изборите 2016 година.

После губењето на власта ВМРО-ДПМНЕ беше против укинување на пршинската Влада и мора да констатирам дека прво добро е што ВМРО-ДПМНЕ после толкав период признава дека нашата држава има институции коишто можат да спроведат фер и демократски избори и за разлика од 2016 година кога нашата држава беше категоризирана како заробена држава денес е држава којашто може да спроведе такви избори признаени од сите, фер, демократски и слободни кредибилни избори.

Митрески наведе дека во врска со тоа што го наметнува ВМРО-ДПМНЕ како прашање и како теза тие спорат две работи.

Првата работа иако на одговор на прашање дека техничката Влада не е условена со одржување на предвремени парламентарни избори јасно е на стартот и на сите изјави дека условувањата се со предвремени парламентарни избори. Затоа сакам да спорам две работи за овој нивни предлог. Првата е начинот на којшто е доставен овој предлог а тоа значи дека и според договорот пржински значи дека измените на Законот за влада треба да биде консензус помеѓу четирите најголеми политички партии во Собранието а не на ваков начин со еднострано изразена волја на една партија.

И второ, тајмингот на поднесување на овој закон кога сите знаеме дека предвремени парламентарни избори нема да има, има редовни избори во 2024 година и фактички има време четирите најголеми политички партии да дискутираат и да имаат консензус во врска со техничката Влада. Очигледно безидејноста на ВМРО-ДПМНЕ во овој период , во овој тежок период кога државата се соочува и со енергетска криза и со кризата предизвикана од пандемијата, со борбата за зачувување на животниот стандард на граѓаните нема што друго да понуди освен да прави политички театар за јавноста, додаде Митрески.

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер