Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: ОЈО да отвори постапка за набавката за осветлување на Борче Георгиевски

ВМРО-ДПМНЕ: ОЈО да отвори постапка за набавката за осветлување на Борче Георгиевски

ОЈО да отвори постапка за набавката за осветлување на Борче Георгиевски и оштетување на буџетот на општина Гази Баба, бараат од ВМРО-ДПМНЕ.

„ За само 103 дена Борче Георгиевски од СДСМ како градоначалник на Гази Баба потрошил 11 милиони денари за поставување на нови линии за осветлување, и истовремено додека уште не завршил овој период доделил уште еден тендер од 1.7 милион евра за замена за актуелните светилки со лед, при што исплатил 20% аванс“ велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека Георгиевски потрошил 2 милиони евра пари на граѓаните на Гази Баба за нецела година за осветлување.

„ Ја повикуваме општината и градоначалникот Бобан Стефковски да ги ревидира постапките, а институциите да отворат постапка – Дали фактичката состојба на терен соодветствува со таа во надзорот, општината и пријавената од фирмата изведувач. Дали се работи за реални потреби и работи или било потребно само да се исплатат аванси пред избори“ прашуваат од опозициската партија.

Можете да прочитате

Миноски: Инфлацијата не ја создаваат граѓаните, туку прекумерната државна потрошувачка

Николоски од Брисел: Важни средби во интерес за Македонија

Македонски држајанин ја претепал сопругата до смрт