Утрински Весник
Спорт

Швеѓаните ги елиминираа Германците и Русите со еден удар

Швеѓаните ги елиминираа Германците и Русите со еден удар

Шведска стигна до 25:21 (12:10) победа на Германија, триумф со кој ги елиминираа своите противници, но и Русија од борбата за полуфиналето на Европското првенство во Унгарија и Словачка.

Хампус Ване пак блесна со шест гола за „трите круни“, а други четири ракометари имаа по три гола, додека Јулијан Коштер беше најдобар за Германците со четири постигнати голови. Германците имаа доцен обид да се вратат во игра, но Ване со гол од пенал и Лукас Сандел со брз гол ги донесоа Швеѓаните на три разлика во последната минута за конечен триумф.

Шведска сега има шест поени во групата, со што се зад Шпанија, и само тие две репрезентации заедно со Норвешка остануваат со шанси за полуфинале од групата 2. Вечерва играат Шпанија и Норвешка, а потоа на Швеѓаните им следува нордиското дерби со Норвешка во последното коло.

> Швеѓаните ги елиминираа Германците и Русите со еден удар <

Можете да прочитате

Еурофарм Пелистер почна добро, но загуби на гостувањето во Загреб

Надал: Никогаш во животот не сум скршил рекет, но да бидам искрен, неколку пати сум сакал

Вардар почнува со Мелсунген дома и завршува со бундеслигашот на гости