Утрински Весник
Свет

Мечка нападна ловџија во Словенија

Мечка нападна ловџија во Словенија

Шеесет и тригодишен ловџија е повреден при напад на мечка кај Постојна во Словенија.

Ловецот се здобил со скршеница на раката, повреда на реброто и неколку повреди на грбот, пренесува СТА.

Полицијата соопшти дека мажот бил нападнат од женка кафеава мечка со две младенчиња.

Се препорачува претпазливост за туристите кои ја посетуваат областа.

Можете да прочитате

Трамп од прославата на 250 години независност: Америка влегува во нова златна ера

СЗО прогласи крај на епидемијата на хантавирус на крузерот „Хондиус“

Јахтата на Путин забележана во близина на брегот на Данска