Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Нема потреба да се укочува системот со предвремени избори секоја година

СДСМ: Нема потреба да се укочува системот со предвремени избори секоја година

Наредните парламентарни избори ќе бидат редовни во 2024 година, порача денеска претеникот на СДСМ, Дарко Каевски.

Според него, новата Влада има полн легитимитет во периодот од 2 и пол години да ги сроведе сите реформи и сите процеси во интерес на граѓаните.

„На граѓаните не им се потребни предвремени парлментарни избори секоја година, тоа значи дополнителни укочувања на процесите на системот, туку напротив потребно им е сето она за што се залагаме односно спроведување на владината програма, на мерките којшто значат подобар живот, којшто значат подобар стандард и којшто значат подобро справување и со енергетската и со здравствената, а притоа и со економската криза со којашто се соочува државата“, нагласи претставникот на владејачкат партија.

Можете да прочитате

Миноски: Инфлацијата не ја создаваат граѓаните, туку прекумерната државна потрошувачка

Николоски од Брисел: Важни средби во интерес за Македонија

Македонски држајанин ја претепал сопругата до смрт