Утрински Весник
Култура

Во конкуренција 39 романи за наградата „Роман на годината“

Во конкуренција 39 романи за наградата „Роман на годината“

Жири-комисијата за доделување на наградата „Роман на годината“ што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав Владимир Јанковски (претседател), Катица Гароска Ацевска, Ермис Лафазановски, Лилјана Пандева и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата), констатираше дека годинава во конкуренција се пријавиле 39 романи.

Жири-комисијата е должна да го соопшти добитникот на наградата најдоцна до 15 март оваа година.

Наградата „Роман на годината“, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје, годинава се доделува по 23-ти пат и се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

Текстот Во конкуренција 39 романи за наградата „Роман на годината“ е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“