Утрински Весник
Свет

Борел, Столтенберг, Блинкен и Рау зборуваат за руските сили на украинската граница

Борел, Столтенберг, Блинкен и Рау зборуваат за руските сили на украинската граница
Dik 300x250 mk

Министерот за надворешни работи на ЕУ, телефонски разговараше со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, американскиот државен секретар Ентони Блинкен и полскиот министер за надворешни работи Збигњев Рау, кој претседава со ОБСЕ, за ситуацијата во Украина и предлозите на Москва, како и за безбедноста на ЕУ.

„Се разговараше за распоредувањето на руските сили долж границата со Украина, како и за тековните билатерални и меѓународни дипломатски напори во врска со обидите на Москва да ги редефинира безбедносните аранжмани во Европа“, се вели во соопштението.

Во соопштението се нагласува дека е уште еднаш потврдена потребата од одржување на основните принципи на „постоечката архитектура на европската безбедност во рамките на ОБСЕ“, пренесува ТАСС.

Се додава дека телефонските разговори биле остварени по консултации со сите партнери и пред следната рунда преговори меѓу САД и Русија.

Претставникот на Кремљ, Дмитриј Песков, во неколку наврати повтори дека обвинувањата дека Русија подготвува инвазија на Украина се „празни и неосновани“, потсетува ТАСС.

Можете да прочитате

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк

Кошта: Проширувањето на ЕУ сега стана реална можност

Закана за бомба во авион? Драма во Вашингтон: Сите летови одложени…