Утрински Весник
Македонија

Учебната година ќе заврши на 10 јуни и покрај одложеното второ полугодие, ќе се менуваат наставните програми

Учебната година ќе заврши на 10 јуни и покрај одложеното второ полугодие, ќе се менуваат наставните програми

Владата најави измена на наставните програми со цел учебната година да заврши стандардно на 10 јуни, и покрај тоа што зимскиот распуст беше продолжен за две недели поради состојбата со коронавирусот.

Од Владата информираа дека бројот на наставните денови во учебната 2021/2022 година во основните и средните училишта во услови на вонредни околности се утврдува на 172 наставни денови, што значи дека зимскиот распуст на учениците ќе трае до 1 февруари 2022 година, а учебната година ќе заврши на 10 јуни 2022 година.

Одлуката за почетокот на второто полугодие во основните и средните училишта за први февруари годинава беше донесена на претходната седница на Владата и по препораката на Главниот координативен кризен штаб согласно епидемиолошките информации дека земјата се наоѓа во пик на заразата.

Со денешната одлука, велат од Владата, се овозможува соодветна адаптација на наставните програми со цел запазување на датумот 10 јуни како краен рок за завршување на учебната година.

 

Можете да прочитате

Камион усмрти пешак на регионалниот пат Градско – Велес

Ниеден од 13те полицајци обвинети за ,,Пулс” не призна вина

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е пример за корумпиран политичар