Утрински Весник
Свет

ЕМА: Вакцините не предизвикуваат компликации кај трудниците и нивните бебиња

ЕМА: Вакцините не предизвикуваат компликации кај трудниците и нивните бебиња

Резултатите од студијата во која беа опфатени 65.000 трудници во различни фази од бременоста покажаа дека вакцината против коронавирусот не предизвикува компликации за идните мајки и нивните бебиња, соопшти Европската агенција за лекови (ЕМА).

Европската агенција за лекови во соопштението наведе дека студијата спроведена од нејзината работна група за ковид-19, исто така, покажала дека вакцините против коронавирус се подеднакво ефикасни во намалувањето на ризикот од хоспитализација и смрт кај бремените жени, како и кај другите лица.

 

Можете да прочитате

СЗО прогласи крај на епидемијата на хантавирус на крузерот „Хондиус“

Јахтата на Путин забележана во близина на брегот на Данска

Недостиг од гориво во Русија, полиција ги чува бензинските пумпи