Утрински Весник
Магазин

(Видео) Среќен роденден, Кевин Костнер

(Видео) Среќен роденден, Кевин Костнер

На 67. роденден на американскиот актер-продуцент и режисер Кевин Мајкл Костнер, познат како Кевин Костнер, медиумите ги посочија неговите топ- изведби во филмови и серии.

Меѓу нив е „Јелоустоун“ (2018). Дива вестерн драма, каде што едно семејство мора да се бори за да ги спречи нападите врз нивиот ранч.

Костнер во кадар од „Танц со волците“ (1990). Во филмот тој го глуми поручникот Џон Данбар, кој се спријателува со волците и со домородните Американци.

Костнер во кадар од „ЏФК“ (1991), каде глуми окружен обвинител кој открива некои вознемирувачки факти за атентатот на Џон Ф. Кенеди.

Костнер во кадар од Guardian (2006). Акционен авантуристички филм каде тој ја игра улогата на тврд офицер на крајбрежната стража

Кевин Костнер во кадар од „Недопирливите“ (1987). Криминална драма, каде што глуми федерален агент Елиот Нес, кој е решен да спречи гангстер од Чикаго со неговиот мал тим во време кога беснее корупција и криминал.

Тука е и култниот „Телохранител“ (1992) со Витни Хјустон.

И секако, Revenge или „Одмазда“ (1990), потресна љубовна драма во која глуми со Медлин Стоу и Ентони Квин.

Можете да прочитате

Една порција – само 16 калории, а го намалуваат ризикот од рак и срцеви заболувања

Минералните креми за сончање се најдобрата опција за чувствителна кожа

Маслиновото масло би можело да помогне во борбата против деменцијата, покажа  нова студија