Утрински Весник
Свет

„Билд“: Дури 29 отсто од починатите од ковид во Германија, не починале од коронавирус

„Билд“: Дури 29 отсто од починатите од ковид во Германија, не починале од коронавирус

Многу починати кои во официјалната статистика на Германија се вбројуваат како смртни случаи од корона не умреле од корона, покажува истражувањето објавено од „Билд“.

Како што се наведува, во некои случаи постојат јасни несогласувања. Бројот на луѓе кои НЕ умреле од вирусот, но биле пријавени како мртви од корона е особено висок во Заксен-Анхалт. Во оваа германска провинција дури 29 отсто од починатите, кои се на листата на починати како последица на ковид-19, не починале поради тој вирус.

Во Германија, секое лице заразено со коронавирус кое починало е наведено во статистичките податоци се води како починато од корона. Сепак, статистиката не покажува дали смртта е последица на инфекција со коронавирус, па една студија за прв пат откри податоци за пациенти кои не умреле поради коронавирус.

Во Заксен-Анхалт, речиси една третина од починатите од Ковид не умреле од коронавирус, туку од други болести. Кај 64 отсто, ковид е причина за смрт, а за останатите шест отсто, причината е непозната.

Во другите провинции, постигнат е поинаков резултат, а во Баден-Виртемберг и Зарланд, 90 проценти од смртните случаи од ковид починале поради коронавирус.

Во Баварија бројот на починати од ковид, а се регистрирани како смртни случаи од Ковид е 84 отсто.

Бројката не е позната за цела Германија, наведува „Билд“, а од Институтот Роберт Кох истакнуваат дека коронавирусот во најголем број случаи е причина за смртта.

Можете да прочитате

Членот на израелскиот воен кабинет Ганц најави заминување од Владата ако до 8 јуни не биде усвоен новиот воен план

ИДФ апелира Палестинците од крајбрежните населби да се евакуираат во северниот дел на Газа

Шолц наместо во изборна кампања направи обиколка на поплавените региони во Германија