Утрински Весник
Магазин

(Видео) Доаѓа уште една корејска серија, оваа е за зомби

(Видео) Доаѓа уште една корејска серија, оваа е за зомби
Ss2

Затоа што сите се луди по корејска продукција, секој нов проект се чека со нетрпение бидејќи секогаш постои шанса да се претвори во (не)очекуван хит.

Тоа би можело да биде случај со All of Us Are Dead („Сите сме мртви“), корејска серија што пристигнува на „Нетфликс“ на 28 јануари, а дејството се врти околу група средношколци што се обидуваат да преживеат откога стотици соученици се претвориле во зомби кога нивното училиште станало епицентар на нова зараза.

Ss1

Но, за разлика од повеќето херои во вакви филмови, овие деца пораснале со филмови и серии за зомби и барем малку се подготвени за она што следува. Инаку, серијата е базирана на вебтунот „Сега во нашето училиште“ на Џон Донг Геун.

Првата сезона ќе има осум епизоди.

Ss1

Можете да прочитате

Ловоровото масло е природен лек против мигрена

Нетфликс се откажува од една од своите најпопуларни серии

Кинеска пејачка почина откако се сопна и ја удри главата на бината