Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Емиратите го осудија терористичкиот напад на јеменските бунтовници

Емиратите го осудија терористичкиот напад на јеменските бунтовници
300x250 opst2

Обединетите Арапски Емирати го осудуваат терористичкиот напад на јеменските бунтовници Хути врз цивилните објекти на територијата на Емиратите, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на ОАЕ.

Тоа нема да остане неказнето, се наведува во соопштението, пренесе Ројтерс.

Министерството за надворешни работи на ОАЕ истакна дека земјата го задржува правото да одговори на овие терористички напади и ескалацијата на криминалот.

Откако властите на ОАЕ пријавија два пожари во главниот град Абу Даби, кои најверојатно биле предизвикани од дронови, јеменските бунтовници Хути, кои се борат против коалицијата предводена од Саудиска Арабија, денеска објавија дека ги нападнале Обединетите Арапски Емирати.

Три лица загинаа, а шест се повредени во експлозија на цистерна со гориво во Абу Даби, а пожар избувна во близина на аеродромот во Абу Даби, јави државната новинска агенција на Обединетите Арапски Емирати.

Убиени се двајца Индијци и еден Пакистанец.

ОАЕ, членка на меѓународната коалиција, ги вооружи и обучи локалните јеменски сили кои неодамна се приклучија на борбата против Хутите во јеменските региони Шабва и Мариб, според Ројтерс.

Движењето Хуту, муслиманска група на шиитските зеидски секти именувани по нејзиниот командант Хусеин ал-Хути убиен во Јемен во 2004 година, често извршува прекугранични ракетни и беспилотни летала напади врз Саудиска Арабија, но тврди дека имало неколку такви напади врз ОАЕ.Властите на Емиратите во голема мера го негираат тоа.

Можете да прочитате

Премиерот даде оставка само неколку часа откако го именува својот кабинет, падна француската влада

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

Маж рани 20 лица во пукање во Сиднеј