Утрински Весник
Македонија

(Видео) Митева: Неспособната Влада е виновна за ценовиот шок и енергетската криза

(Видео) Митева: Неспособната Влада е виновна за ценовиот шок и енергетската криза

Владата на СДСМ ја уништи економијата. Поскапи цени за парно и струја се нивната прва владина мерка, истакна на прес-конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

„Актуелната ситуација со БЕГ отвори многу прашања за СДСМ и навидум независната регулаторна комисија за енергетика. Согласно варирањето на цената на гасот на светскиот пазар СДСМ И РКЕ не успеаја да предвидат или предвидоа но премолчеа дека БЕГ нема да има услов за функционирање во грејната сезона. Второ, врз основа на кои математички пресметки РКЕ и Владата донесоа одлука за поскапување на парното за 14 отсто? Бислимовски убедуваше дека нема да има проблеми со компаниите, дека компаниите се обезбедени за грејната сезона, и ги држеа граѓаните во неизвесност до последниот ден. Трето, дали овие средства со кои се врши субвенционирање на БЕГ се средства кои претходно се обезбедени и планирани за оваа намена?“, рече Митева.

Дополнително, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, оваа криза прерасна во политичка можност за обвинување на Градот Скопје и општините кои немаат никаква улога ниту во регулирањето на цената, ниту пак во договарањето на набавките за гас.

„Битиќи и Бектеши се пофалија дека е решен проблемот со парното, но одбегнаа да кажат колку пари ќе ги чини граѓаните“, рече Митева и посочи дека уште еден поразителен факт е дека ТЕ-ТО сега го дава гасот на одложено плаќање, без наплата, до обезбедување на ликвидноста и до потпишување на деловно техничка соработка што укажува на фактот дека ТЕ-ТО работи со загуба.

Од опозициската партија оценија дека ценовниот шок, кризна состојба во енергетиката која е пропратена со економска и здравствена криза е дело Владата предводена од, како што велат, неспособната Влада на СДСМ.

Можете да прочитате

Вечерва бензинската пумпа на Макпетрол во Аеродром не точи никакво гориво

ВЛЕН на средба кај Курти во Косово

(Видео) Полициски специјалци спасија повредено лице од Шар Планина