Утрински Весник
Свет

Зеленски предлага заеднички состанок со Путин и Бајден

Зеленски предлага заеднички состанок со Путин и Бајден
Img 5587

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, предлaга средба со претседателот на САД, Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин, со цел да се разговара за растечките тензии околу Украина.

Предлогот на Зеленски беше претставен денеска од шефот на неговиот кабинет, Андриј Јермак.

Img 5587

Оваа недела немаше напредок во преговорите меѓу Русија и западните земји, кои стравуваат дека Москва би можела да започне нова воена офанзива против Украина.

Предлогот на Зеленски доаѓа на денот кога веб-страницата на владата во Украина беше погодена од масовен кибернапад.

Портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи за „Ројтерс“ изјави дека е премногу рано да се шпекулира кој би можел да стои зад нападот, но посочи дека Русија стоела зад слични напади во минатото.

„Прерано е да се извлечат заклучоци, но има долга евиденција за руски (кибер) напади врз Украина во минатото“, рече тој.

Русија претходно негираше дека стои зад кибернападот врз Украина.

На овонеделните преговори Вашингтон и неговите сојузници одлучно го отфрлија барањето на Москва за безбедносни гаранции со цел да се спречи проширувањето на НАТО, но Русија и Западот се согласија да ја остават вратата отворена за можни понатамошни разговори за контрола на оружјето и мерки за градење доверба.

Преговорите се водат во момент кога околу 100.000 руски војници со тенкови и друго тешко оружје се собрани во близина на источната граница на Украина.

Ss1

Можете да прочитате

Четири деца тешко повредени откако паднале од покрив на спортска сала во Штутгард

Турскиот министер Фидан повика на глобално муслиманско единство за поддршка на Палестинците

Нетанјаху: Израел ќе продолжи да се бори во Газа до победа