Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Маричиќ промовира медијација како алтернативен начин за решавање на споровите

Маричиќ промовира медијација како алтернативен начин за решавање на споровите
300x250 opst2

Министерот за правда Бојан Маричиќ под слоганот „Има Решение“ го најави почетокот на кампањата за промоција на медијацијата како алтернативен начин за решавање на споровите и подигнување на свеста кај граѓаните за придобивките од нејзината примена.

„Алтернативното решавање спорови преку медијација е голем чекор напред не само во насока на забрзување и ефикасност на решавањето спорови, туку и во насока на помодерно решавање на споровите воопшто. Од решавањето на споровите по пат на преговори, корист имаат не само поединците туку и општеството во целост“, рече Маричиќ.

Министерот ја истакна важноста на медијацијата и позитивните ефекти од нејзината примена. Потенцира дека овој начин на вонсудско решавање спорови е поедноставен, трае пократко, чини помалку, доверлив е и без негативни ефекти.

Тој во своето обраќање кажа и дека со користење на медијацијата се намалува бројот на судски предмети и се отвора простор судовите уште поефикасно и ефективно да ја извршуваат својата функција.

„Ова е всушност и еден од начините за враќање и зајакнување на довербата на граѓаните во судството, на која преку сет активности од Стратегијата за реформа на правосудството интензивно работевме бидејќи останува наша примарна цел од која не се откажуваме и на која следниот период убеден сум дека уште поинтензивно ќе се работи“, додаде министерот Маричиќ.

Можете да прочитате

Филипче повика на масовна излезност: Се бориме за вредности, за домот и иднината на Македонија

Во Штип отворeн Дино парк – нова атракција за деца и љубители на праисторијата

Филипче: На изборите се враќа силата на народот, се враќа СДСМ