Утрински Весник
Магазин

(Видео) „Бејби шарк“ е првото видео со повеќе од 10 милијарди прегледи на Јутјуб

(Видео) „Бејби шарк“ е првото видео со повеќе од 10 милијарди прегледи на Јутјуб
300x250 (7)

Популрната детска песна за бебето ајкула, Baby Shark, стана првото видео на Јутјуб со 10 милијарди прегледи.

Во ноември 2020 година, Baby Shark стана најгледаното видео на популарната платформа за стримување, а сега ја надмина волшебната бројка од 10 милијарди прегледи.

Img 5587

Детската песна што ја осмисли јужнокорејската образовна фирма„ Пинкфонг“а ја изведе корејско-американската пејачка Хоуп Сегоин дебитираше во 2016 година и стана вирален хит во Азија, но не влезе во колективната свест на Американците сè до 2019 година.

Оттогаш е претворена во ТВ-емисија, „Житарици“, програма во живо и навивачка песна на бејзбол-играчите од Вашингтон во текот на нивната сезона на освојување на светската серија. Таа дури во еден момент стигна до Топ-40 на Билборд.

Најгледаното видео на Јутјуб покажува две вистински деца кои демонстрираат танц на бебе ајкула, додека анимирана ајкула и нејзиното семејство, вклучувајќи го и дедото со мустаќи на ајкула, мирно пливаат и подоцна се обидуваат да ги фатат децата. Сепак, тие не успеваат и децата ја слават својата безбедност додека ајкулите гледаат од далеку.

Ss1

Можете да прочитате

Мирисите што треба да ги избегнувате во собата ако сакате добар сон

Холивудската двојка ја прослави 36-годишнината од бракот: „Најдоброто допрва доаѓа“

Што може да предизвика утринска главоболка?