Утрински Весник
Свет

Соработници на Навални ставени на листата на терористи и екстремисти

Соработници на Навални ставени на листата на терористи и екстремисти

Двајца соработници на затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални се ставени на списокот на терористи и екстремисти, објави денеска агенцијата „Франс прес“.

Агенцијата се повика на податоците на Федералната служба за финансиско следење, наведувајќи дека станува збор за Иван Жданов и Леонид Волков, кои биле одговорни за антикорупцискиот фонд на Навални, односно за регионалната мрежа на неговата организација до забраната за работа во јуни 2021 година. Жданов и Волков се во егзил.

Навални, еден од најгласните критичари на рускиот претседател Владимир Путин, беше затворен минатиот јануари по враќањето од Германија. Во Германија се лекуваше од труење, зад кое, како што тврди, стои Кремљ, но тоа Москва го демантира.

Можете да прочитате

Осмоодделенец со нож уби наставничка, повредени уште две лица

Стапи во сила забраната на САД за увоз од Канада во вредност од една милијарда долари

Иран се закани со напади врз енергетската инфраструктура по говор на Трамп