Утрински Весник
Свет

Доживотен затвор за разузнавачот на Асад, за злосторства против човештвото за време на војната во Сирија

Доживотен затвор за разузнавачот на Асад, за злосторства против човештвото за време на војната во Сирија

Судот во Германија го осуди на доживотен затвор поранешниот разузнавач на сирискиот претседател Башар ал Асад, откако беше прогласен за виновен за убиства во затворот во Дамаск, јави телевизијата НТВ.

Обвинителството го обвини Анвар Р. за 58 убиства во затвор во Дамаск, каде што обвинителите велат дека најмалку 4.000 опозициски активисти биле мачени во 2011 и 2012 година.

Oва е втора ваква пресуда на повисокиот регионален суд во Кобленц за злосторства против човештвото за време на граѓанската војна во Сирија.

Можете да прочитате

Трамп ја нарече Норвешка „скапана земја“ поради одлуката да не му биде доделена Нобеловата награда за мир

Нуњез: За време на протестите во викендот во Франција, приведени се 1.435 лица, полицискиот час е се уште на сила

Авион во Франкфурт се обидел да полета во погрешна насока