Утрински Весник
Македонија

Полицијата санкционира четири технички неисправни возила во кои се превезувале патници во Тетово

Полицијата санкционира четири технички неисправни возила во кои се превезувале патници во Тетово
Ss2

Поради неисправност, санкционирани се четири возила што вршеле јавен превоз во Тетово, за време на во акциска контрола на полицијата во овој град.

„Полициски службеници од СВР Тетово, во рамки на континуираните контролни активности за откривање и санкционирање на лица кои управуваат технички неисправни возила, вчера (12.01.2022) откриле и санкционирале четири технички неисправни возила (ТЕ-2 и ГВ-2), кои вршат јавен превоз“, информираат од МВР.

Ss1

Тие веднаш биле исклучени од сообраќај до отстранување на констатираните неисправности. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, при што ќе се соочат со парична глоба во износ од 400 евра во денарска противвредност.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес за побезбедни патишта.

Ss1

Можете да прочитате

Лукаревска: Вредностите секогаш не обединувале, да не го потцениме моментот, сега е најважно

Бојмацалиев: Почит кон споменот и сеќавањето на нашите бранители од 2001 кои никогаш нема да бидат заборавени

УЖИВАЈТЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ДО ВТОРНИК: Од среда дестабилизирање на Атмосферата и локални врнежи, грмежи и засилен ветер