Утрински Весник
Свет

„Гамалеја“: Спутник е поефикасна за мутираните соеви од другите вакцини

„Гамалеја“: Спутник е поефикасна за мутираните соеви од другите вакцини

Руската вакцина против коронавирус „спутник В“ е поефикасна од другите вакцини против мутираните соеви на коронавирус, изјави денеска Александар Гинтсбург, директор на Рускиот национален истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“.

„Спутник В“ е многу подобро прилагодена да се спротивстави на мутациите на коронавирусот отколку другите вакцини“, изјави Гинтсбург за ТВ каналот „Русија-24“.

Според директорот на истражувачкиот центар, по вакцинацијата со „спутник В“ се развива поголем избор на антитела отколку по вакцинацијата со вакцините на „Фајзер“ или на „Модерна“.

Можете да прочитате

Трамп ја нарече Норвешка „скапана земја“ поради одлуката да не му биде доделена Нобеловата награда за мир

Нуњез: За време на протестите во викендот во Франција, приведени се 1.435 лица, полицискиот час е се уште на сила

Авион во Франкфурт се обидел да полета во погрешна насока