Утрински Весник
Спорт

Ѓоковиќ утре ќе биде депортиран, тврдат австралиските медиуми

Ѓоковиќ утре ќе биде депортиран, тврдат австралиските медиуми
Dik 300x250 mk

Новак Ѓоковиќ утре пак ќе ја загуби својата виза за влез во Австралија и ќе биде депортиран, тврди австралискиот весник „Сатурдеј пејпер“ додавајќи дека министерот за имиграции, Алекс Хоук, веќе ја направил одлуката, што ќе биде уште еден пресврт во сагата со српскиот светски број 1.

„Слушам дека Алекс Хоук утре ќе го исклоца Џокерот“, напиша новинарот на „Сатурдеј пејпер“, Пол Бонџорно, познат како човек со врски во австралиската влада.

На Ѓоковиќ првично не му беше дозволен влез во Австралија откако му ја повлекоа визата по неколку часа сослушување, но тој реши да остане во Мелбурн (каде што пет дена беше сместен во хотел за имигранти) и во понеделникот ја доби судската одлука дека поништувањето на визата било непрописно.

Оттогаш 20-кратниот гренд слем шампион почна со тренинзи на „Мелбурн парк“, каде што треба да оди на 10-та титула, но по големиот број контрадикторни информации за неговиот позитивен тест на Коовид-19 во декември, почна нова истрага за случајот.

> Ѓоковиќ утре ќе биде депортиран, тврдат австралиските медиуми <

Можете да прочитате

По новите докази ФФМ изрече уште една доживотна суспензија за инцидентот на дуелот Беса – Аеродром 2018

Рељиќ со победа над Бразил и нефер пораз од Кина на Светско првенство Г-14

Ракометниот спектакл на задоволство на ракометната публика