Утрински Весник
Македонија

(Видео) Стоилковски: Нема струја и нема парно, а Владата купува златни тањири, златни лажици и вилушки

(Видео) Стоилковски: Нема струја и нема парно, а Владата купува златни тањири, златни лажици и вилушки

Македонија нема струја, Македонија нема гас, Македонија нема јаглен, Владата купува златни тањири, златни лажици и вилушки, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Скопје нема парно, Тетово нема вода, Владата купува златни тањири, лажици и вилушки. 60.000 нови невработени, стотици затворени компании, девастирана економија, а Владата купува златни тањири, лажици и вилушки. Странски инвестиции нема, капитални инвестиции нема, за тутунарите пари нема, за овоштарите пари нема, а има за златни тањири и вилушки за владата. Секоја држава има мафија, а тука Мафијата има држава, живи луѓе горат, одговорност нема, а ма има златни тањири и златни вилушки, нови за Владата! Покачени сметки за струја, парно, гас и горива, среде енергетска кризна состојба, Македонија тоне во криза, а владата купува златни тањири, златни лажици и вилушки!“, нагласи Стоилковски.

„За што? За да достојно, така царски, го дочека пиунот Ковачевски со неговата заева свита во Владата со златни тањири. Ова е пример за чиста забеганост, ова е непотребно, одлепено луксузирање врз грбот на луѓето. Срамно и безобразно однесување“, рече тој.

Златен прибор, додаде Стоилковски, се плаќа од буџет сега, за од нив да јадат министрите од СДСМ, ДУИ, Алтернатива, и кога ќе им дојдат на ручек Павле Трајанов, Морачанин и оној Горан Милевски.

Според него, секој ден поминат без брзи избори, е само ден минат со нов пораз за Македонија!

Можете да прочитате

Во септември обвинение за полициските службеници осомничени за пожарот во „Пулс“, најавува Коцевски

АХВ воведе мерки за заштита од болеста чума кај малите преживари и за Косово

Јован и Лилјана се годинешните младенци, кои ќе прават Галичка свадба