Утрински Весник
Македонија

Денеска сончево и студено, од утре со температури под -10 степени

Денеска сончево и студено, од утре со температури под -10 степени

Утрово најниска температура била измерена на Попова Шапка од -8 степени, -7 степени биле измерени во Маврови Анови, -6 во Крушево, -4 во Берово, -3 степени во Крива Паланка, Битола и Прилеп, -2 во Дебар, -1 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Штип, Виница, Демир Капија, Куманово, Тетово, Охрид и Претор, 0 степени во Дојран, 1 во Струмица, 2 степени во Гевгелија.

На Попова Шапка има 69 сантиметри снег, 20 сантиметри на Маврови Анови, 14 во Крушево, Ѓуриште, 11 сантиметри во Пожаране, 9 во Демир Капија, 6 во Битола, 4 во Прилеп, 3 во Кр.Паланка, 2 во Скопје–З.Рид, 1 сантиметар во Тетово и Дојран.

Во текот на ноќта и изутринава беше облачно, студено и ветровито со врнежи од снег, особено во северните, западните и југоисточните делови. Дуваше умерен до засилен северен ветер, кој на повеќе места достигнуваше брзина над 40, а во Штип над 55км/ч.

Денеска ќе биде сончево и студено со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6 степени.

Во Скопје сончево и студено со умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 3 степени.

Од утре следува период на стабилно, суво и ветровито време со умерен до засилен северен ветер. Минималните температури насекаде ќе бидат под нулата, а најстудено ќе биде во четврток и петок кога утринските температури на места ќе се спуштат и под -10 степени.

Можете да прочитате

Средба на министерот Муцунски со специјалниот пратеник на МНР на Унгарија за Западен Балкан, амбасадорот Андраш Клеин

Тројца малолетници од Дебар украле автомобил од авто плац

Од први мај директно ќе се лета од Скопје за Тиват