Утрински Весник
Македонија

(Виде) Петков: Со Северна Македонија ќе разговараме за правата на Бугарите, инфраструктурата, интеграцијата и историјата

(Виде) Петков: Со Северна Македонија ќе разговараме за правата на Бугарите, инфраструктурата, интеграцијата и историјата

Бугарскиот премиер, Кирил Петков, во видео обраќање вчерашната седница на Советот за национална безбедност ја оцени како навремена и корисна дискусија. Според него, таа покажала дека сите учесници имаат заедничка цел – надминување на застојот во односите со Република Северна Македонија и давање нов почеток во стремежот за добрососедство.

„Сакам да му се заблагодарам на претседателот што вчера го свика Советот, како и на парламентарните групи за нивното учество. Заедно се обединивме околу една заедничка цел – добрососедство. Ја потврдивме постојната позиција на Бугарија во нашите односи со Северна Македонија“, рече премиерот.

Според него, даден е нов почеток на дијалогот што треба да се случи во наредните месеци.

„Во овој нов почеток, треба да разговараме за важни прашања за двете земји за правата на Бугарите во северна Македонија, заедничката инфраструктура, заедничкиот културен календар, европската интеграција и историјата“, додаде тој.

Според Петков, брз напредок може да се постигне само со напорна работа и заеднички напори.

„Се надевам дека нашите соседи и нашата делегација ќе можат да постигнат вистински напредок“, додаде тој.

Петков рече дека овој месец ќе отпатува во Македонија за да покаже дека може да се направи многу повеќе преку конструктивен дијалог отколку што е постигнато во последните години. „Заедно можеме повеќе“, заклучи премиерот.

Можете да прочитате

Македонија активира европска помош: Бараме поддршка преку ЕУ механизам поради пожарите

Тошковски: Пожарите можеби се дел од поинакво сценарио, истрагите за подметнувања се во тек

СДСМ: Гори цела Македонија, Владата нема контрола врз пожарите