Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Средба Пендаровски-Мета: Констатирана потребата за деблокирање на процесот за членство во ЕУ

Средба Пендаровски-Мета: Констатирана потребата за деблокирање на процесот  за членство во ЕУ
Img 7972

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими претседателот на Република Албанија, Илир Мета, кој е во посета на Република Северна Македонија.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, при што беше изразено задоволство од нивниот позитивен развој, преку конструктивна соработка и размена на посети на највисоко ниво.

Република Северна Македонија и Република Албанија, беше констатирано на средбата, преку посветеноста на добрососедските односи, даваат силен придонес за просперитетот, стабилноста и безбедноста на регионот, како и за неговата европска перспектива. Двете држави, како сојузници во НАТО, даваат свој придонес и во одбраната на вредностите на евроатлантската заедница.

Во контекст на аспирациите за членство во Европската Унија, двајцата претседатели ја констатираа потребата за деблокирање на процесот и скорешен почеток на пристапните преговори на двете држави за членство во Европската Унија, што според нив, ќе има позитивен придонес за севкупниот напредок и стабилноста на регионот.

Претседателот Пендаровски упати честитки по повод изборот на Република Албанија за непостојана членка на Советот за безбедност на Обединетите Нации во периодот 2022-2023 година.

Можете да прочитате

Манчев: Инвестираме во младите, во план се две детски градинки, како и повеќенаменски спортски игралишта во повеќе населени места

Филипче од Берово: Се случуваат големи отпуштања на вработени, а ветија нови работни места

Ацевски: Две нови катни гаражи околу пазарот во Ѓорче – решаваме долгогодишен хаос со паркирањето