Утрински Весник
Македонија

Истрага за скопјанец поради поседување дрога и оружје

Истрага за скопјанец поради поседување дрога и оружје

Скопското обвинителство почна истражна постапка против едно лице поради поседување психотропни супстанции и оружје.

Осомничениот 42-годишник, во својот дом во Козле држел 19 пакувања со вкупно 21,6 грама амфетамин, повеќе дигитални ваги со остатоци од дрога, како и огнено оружје – пиштол „Црвена застава“ со калибар 7,65 мм и два куршуми, информираат од Обвинителство.

Психотропните супстанции и оружјето биле пронајдени при претрес на домот на осомничениот на 5 јануари.

Со оглед на тоа што во конкретниот случај постојат околности кои што укажуваат дека осомничениот би можел да се даде во бегство или да ги повтори делата, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.​​

Можете да прочитате

Николоски: Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, оваа година ќе сме блиску до 4 милиони патници 

Николоски: За три дена Градскиот воз превезе околу 1.500 патници, интересот е голем и очекуваме да надмине бројка од преку 100 илјади патници

До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни