Градоначалникот на Гостивар и генерален секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, го внесува Адолф Хитлер во политиката на Северна Македонија преку неприфатлива, скандалозна, страшна, бесмислена и неиспровоцирана метафора напишана на неговата Фејсбук страница. Ваква е реакцијата на Демократската Унија за интеграција по „Фејсбук“ објавата на Таравари во која тој го цитира германскиот диктатор, Адолф Хитлер.
ДУИ бара од Таравари да се извини и итно да ја повлече објавата на социјалните мрежи.
„Таравари бесрамно го цитира Хитлер: ‘затоа што народот гласаше за нас, сега нека ја трпи и смртта!’. Таравари без никакво одлагање треба понизно да им се извини на сите жртви, нивните семејства, на граѓаните и веднаш да ја избрише својата објава на Фејсбук. Исто така, сите членови и раководството на неговата партија треба веднаш да го осудат овој неприфатлив чин и да се оградат од апсурдниот став на Таравари. Бараме и од академскиот свет, креаторите на јавното мислење, медиумите и новинарите, невладините организации да го кренат својот глас против ваквиот став на Арбен Таравари за коj нема место во нашето општество“, велат од ДУИ.
Таравари во објавата на ФБ претходно денеска напиша:„ Втората светска војна можеше да заврши порано и можеaда се спасат многу животи кои беа згаснати како резултат на нејзиното лудило. Во време кога Хитлер почнал да ги своите воени сили и окупираните зони, еден од неговите команданти го известува за овие дела и го замолува да се повлече од војната бидејќи се убиени многу невини луѓе, меѓу кои и многу деца. Хитлер категорично се спротивставува велејќи ‘народот гласал за нас, сега нека трпи смрт!’