Вкупно 30 лица биле изгубени во текот на денот поради појавата на магла и намалената видливост на Попова Шапка.
Од Ски-центарот „Попова Шапка“ информираа дека тие се пронајдени, а тројца од нив биле повредени.
„Повредените беа извлечени, од страна на спасителните служби, на пристапно место каде што со помош на Итната медицинска помош, еден од нив, е пренесен во медицинска установа за понатамошно лекување“, соопшти ски-центарот.
Спасувачка операција, фото: Ски-центар Попова Шапка (Фејсбук)
Инаку, поради маглата, а заради безбедносни причини запрени се шестоседата жичница, двоседата жичница “Церипашина” и ски-лифтот “Ге“.

Спасувачка операција, фото: Ски-центар Попова Шапка (Фејсбук)
Претходно МВР јави дека двајца тетовци на возраст од 15 и 19 години утрово пријавиле дека поради лошите временски услови и густата магла на Попова Шапка, во близина на новиот ски-лифт, каде се искачиле да скијаат, се изгубиле и потоа не знаеле каде точно се наоѓаат.