Утрински Весник
Македонија

Три дена изменет сообраќаен режим во Скопје поради посетата на албанскиот претседател

Три дена изменет сообраќаен режим во Скопје поради посетата на албанскиот претседател

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека на 10, 11 и 12 јануари(понеделник, вторник и среда) во официјална посета на државата ќе престојува претседателот на Албанија, Илир Мета.

МВР во текот на тие денови ќе преземе мерки за посебен сообраќаен режим на сообраќајниците на поширокото централно подрачје на главниот град.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите од страна на униформираните полициски службеници.

 

Можете да прочитате

Сведок за пожарот во „Пулс“: Работев без договор, без обука, а објектот беше преполн

Дума: Мозоци од Македонија биле испраќани во САД исклучиво за научни истражувања

СДСМ: ВМРО тоне подлабоко во своите лаги, повлекувањето на Кедев го откри сценариото со Жан