Утрински Весник
Свет

Претседателот на Казахстан го прогласи 10. јануари за ден на жалост

Претседателот на Казахстан го прогласи 10. јануари за ден на жалост

Претседателот на Казахстан, Касим Џомарт Токаев, го прогласи 10. јануари за ден на национална жалост, соопшти денеска неговиот претставник, Берик Уали.

„Поради бројните човечки жртви за време на трагичните настани во регионот и во нашата земја, претседателот на Казахстан одлучи да го прогласи 10. јануари за ден на национална жалост“, објави Берик Уали на социјалните мрежи, а пренесе агенцијата „Тасс“.

Во Алмати, најголемиот град во Казахстан и негов економски центар, со денови беснееа немири, откако избија протести поради тоа што владата го укина ограничувањето на цените за течниот нафтен гас.

Претседателот на Казахстан изјави дека 20.000 бандити го нападнале градот и вчера им издаде наредба на безбедносните сили да пукаат без предупредување.

Во Казахстан досега немало протести од ваков размер.

Засега работите се смируваат и властите како да преземаат контрола над ситуацијата, пренсуваат локалните медиуми.

Можете да прочитате

Грција ги забранува социјалните медиуми за лица под 15 години

Руски напад го остави Киев без греење на екстремен студ

Снег го парализираше аеродромот во Франкфурт