Утрински Весник
Македонија

Со мерцедес удриле во пешак, па излегле да го тепаат

Со мерцедес удриле во пешак, па излегле да го тепаат

Автомобил во Куманово прегази 44-годишна жена која заедно со уште едно лице стоела во близина на бензиска пумпа кај Табановце.

„Д.Ј.(44) и А.Ј.(54) двајцата од Куманово пријавиле дека во близина на бензинска пумпа кај Табановце, патничко моторно возило „мерцедес“ со белгиски национални ознаки управувано од за нив непознато лице почнало да вози, при што Д.Ј. ја удрило во десната нога“, велат од МВР.

Потоа возачот и совозачот излегле од возилото и ги нападнале А.Ј. и Д.Ј.“

Од полицијата велат дека се работи на расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Филипче: Нема да му бидеме алиби на Мицкоски за предвремени избори, а „Платформата 12.05“ одработува за власта

Тепале малолетници, им се заканувале и ги снимале со телефон

Битиќи: Власта ветуваше Чебрен и Галиште, а денес нема ни финансиска конструкција – ќе ја поддржам интерпелацијата за Божиновска