Утрински Весник
Свет

Руски војници пристигнаа во Казахстан

Руски војници пристигнаа во Казахстан

Првите единици oд рускиот контингент на мировни сили од Организацијата за договорот за колективна безбедност (ОДКБ) пристигнаа во Казахстан со воен транспортен авион, соопшти руското Министерство за одбрана, а пренесе агенцијата „Тасс“.

Министерството соопшти дека единиците на 45-та специјална бригада на воздухопловните сили биле испратени од постојаната база на аеродромот Чкаловски.

Руските воздухопловно-вселенски сили и транспортната авијација испратија припадници на воздухопловните сили во Казахстан, како дел од ОДКС, соопшти претходно секретаријатот на таа организација.

Немирите во Казахстан избија на 2 јануари во регионот Мангистау на југозападот од земјата, каде граѓаните започнаа протести против високите цени на горивата.

Два дена подоцна избувнаа немири во Алмати, југоисточниот дел на земјата и други градови, каде дојде до судири со полицијата.

Во судирите има жртви, а казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев воведе двонеделна вонредна состојба и ја распушти владата.

Токаев ги обвинува демонстрантите за „масовни напади врз органите на редот“ во кои има загинати и многу повредени и тврди дека земјата е нападната од „терористички групи“.

„Имам намера да се однесувам што е можно построго“, рече тој претходно, кога и првично побара помош од ОДКС.

Белата куќа и ОН апелираа до казахстанските власти да покажат воздржаност.

Можете да прочитате

Студија: Од 2023 до 2025 година Израел го напуштиле речиси 1.400 лекари

Истекува флексибилниот режим за биометриските проверки на границите за влез во ЕУ

Москва не ја исклучува можноста за тристрана средба Путин-Трамп-Шји