Утрински Весник
Свет

Казахстан брои мртви и ранети – убиени 12 полицајци, повеќе од 1000 луѓе повредени

Казахстан брои мртви и ранети – убиени 12 полицајци, повеќе од 1000 луѓе повредени

„Повеќе од 1.000 луѓе се повредени во масовните немири во различни региони на Казахстан, од кои речиси 400 се хоспитализирани, додека 62 лица се на одделенијата за интензивна нега“, пренесува телевизискиот канал, пренесе агенцијата ТАСС.

Државните ТВ канали јавуваат дека во судирите загинале 12 припадници на безбедносните сили, додека 353 биле ранети.

Телото на еден од убиените полицајци е пронајдено со отсечена глава, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на ТВ Хабар 24.

Според извештајот, властите веруваат дека ова е директен доказ, како што се наведува, за „терористичката и екстремистичка природа на бандите“ кои го нападнаа градот.

Претходно, полицијата соопшти дека демонстрантите се обиделе да влезат во полициската зграда во Алмати.

Казахстанскиот претседател Касим-Јомарт Токаев нареди да се преземат мерки за заштита на дипломатските претставништва и субјектите задолжени за странски инвестиции во земјата, соопшти денеска неговата прес-служба.

Можете да прочитате

Истекува флексибилниот режим за биометриските проверки на границите за влез во ЕУ

Москва не ја исклучува можноста за тристрана средба Путин-Трамп-Шји

Лавров ги нарече обвинувањата дека Русија имала улога во инцидентот со беспилотното летало во Лајпциг „почеток на вистинска војна“