Утрински Весник
Македонија

Приведен стружанец кој украл автомобил

Приведен стружанец кој украл автомобил

Приведен e разбојник кој украл автомобил, а возилото е вратено на сопственикот, информираат од МВР.

„Вчера во полициската станица Струга бил извршен службен разговор со Р.Р.(20) од Струга. За него бил распишан централен распис, поради сомнение дека на 22.12.2021 во Скопје одзел патничко возило „фолксваген голф“,  со скопски регистарски ознаки, сопственост на Н.Б.(33) од с.Крушопек, скопско. Во полициската станица тој го признал делото. Возилото му било одземено и вратено на сопственикот“, наведуваат од полицијата.

Можете да прочитате

„Немам контакти со Заев“ вели пратеникот Цеков

Во ноќен клуб во Охрид приведени седум странски државјанки затекнати при нелегална работа

Скопјанка тешко повредена откако во неа удрил електричен тротинет