Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Северна Кореја истрела неидентификуван проектил, тврди јужнокорејската војска

Северна Кореја истрела неидентификуван проектил, тврди јужнокорејската војска
300x250 opst2

Северна Кореја истрела неидентификувана ракета во морето, соопшти јужнокорејската војска, а ова е прв ваков тест на Пјонгјанг во новата година.

Ракетата била истрелана во морето источно од полуостровот, соопштија командантите на штабот на Јужна Кореја, без да дадат дополнителни детали.

Северна Кореја во 2021 година објави дека успешно тестирала нов тип на балистичка ракета истрелана од подморница.

Овој нов обид дојде откако Северна Кореја не одговори на повикот на Вашингтон за разговори.

Преговорите со САД се во застој

За време на важен состанок на владејачката партија минатата недела, севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун потврди дека сака да ги зајакне воените капацитети на неговата земја, и покрај меѓународните санкции.

Преговорите со Соединетите Држави се во застој од средбата меѓу Ким Џонг-ун и тогашниот американски претседател Доналд Трамп во 2019 година.

Откако Џо Бајден дојде на власт, САД неколку пати изјавија дека се подготвени да се сретнат со севернокорејските претставници. Пјонгјанг досега ја отфрла понудата.

Можете да прочитате

Хорор во Шведска: 14 годишно момче рани шест лица

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

Уапсен руски милијардер поради серија убиства