Утрински Весник
Економија

„Сони“ најави компанија за електрични автомобили

„Сони“ најави компанија за електрични автомобили

Електронскиот гигант Sony го претстави новиот прототип на својот електричен автомобил Vision-S и најави создавање компанија која ќе ги истражува можностите за влез на овој брзорастечки пазар.

Јапонската компанија, попозната по своите телевизори и конзоли за видео игри, ќе ја основа својата подружница Sony Mobility на пролет.

Извршниот директор на Sony, Кеничиро Јошида, ја претстави на саемот за технологија CES во Лас Вегас Vision-S 02 – нова верзија на првиот прототип на компанијата, кој започна тестови на патиштата.

„Преку оваа нова гранка, електронскиот гигант има намера да ја истражи можноста за влез на пазарот на електрични возила“, велат од компанијата.

Vision-S е опремен со внатрешни и надворешни сензори и Sony го користи за тестирање на технологии за автономно возење.

Компанијата работи и на системи за забава во новиот автомобил.

Секторот за електрични возила е сè уште мал, сочинува само околу 3 отсто од тековната продажба во САД, но привлекува голем интерес и инвестиции.

Џенерал Моторс неодамна објави дека планира да инвестира повеќе од 35 милијарди долари во електрични и автономни возила до 2025 година.

Можете да прочитате

ВЛЕН: Економски раст од 4,3 проценти и околу 20 милиони евра за домашните компании

Мицкоски: Извозот расте побрзо од увозот, трговскиот дефицит се намалува

Божиновска: „Македонија веќе не е пасивна крајна точка – стануваме активен партнер и транзитен енергетски крстопат во Југоисточна Европа“