Британскиот министер за здравство Саџид Џавид изјави денеска дека најновите епидемиолошки податоци не укажуваат на тоа дека владата треба да ги заостри мерките против Ковид-19 во Англија, но дека сè уште е рано да се процени како болниците ќе се справат со зголемениот притисок.
Џавид рече дека моментално е неверојатно предизвикувачки период за болниците, бидејќи Омикрон го зголемил бројот на заразени лица, вклучително и постарите, а околу шест болнички фондови прогласиле критична состојба поради недостигот на работници, пренесува Ројтерс.
– Во овој момент нема ништо во податоците што би навестило дека мора да отстапиме од планот Б – изјави министерот за новинарите, додавајќи дека се уште е рано да се зборува за хоспитализирања, но дека се забележува дека тие растат.
Зголемениот број случаи во Велика Британија доведе до значително нарушување поради самоизолацијата на персоналот, при што возовите ги откажаа поаѓањата во Лондон, болниците немаат персонал и училиштата се соочуваат со недостиг на наставници, според Ројтерс.