Утрински Весник
Свет

Брод со Италијанци закотвен во пристаниште – патниците во изолација во кабините

Брод со Италијанци закотвен во пристаниште – патниците во изолација во кабините

Крузерот „Грандиоза“, кој пристигна од Марсеј во Џенова, остана закотвен на пристаништето, бидејќи тестот направен пред слетувањето на патниците покажа дека 150 патници биле позитивни на корона вирусот!

Во авионот имало околу 1.000 патници, повеќето Италијанци, а од 150-те позитивни, најголемиот број биле асимптоматски.

Од пристаништето следувал медицински транспорт на позитивите до градовите во кои живеат, каде биле сместени во просториите наменети за карантин.

Протоколот предвидува дека туристите мора да се вакцинираат пред да заминат со најмалку две дози од вакцината или три, четири месеци по другата. А персоналот кој работи на бродот, освен што е вакциниран, на секои два дена има контролен тест.

По дезинфекција и дозвола, утринава бродот исплови за Цивитавекија и ќе го продолжи вообичаеното неделно патување.

Можете да прочитате

Пезешкијан: Одлуката за ставање крај на војната е во рацете на САД

Арапските партии дисквалификувани од изборите во Израел, одобрено учеството на крајнодесничарската „Оцма Јехудит“

Десетици делегати демонстративно ја напуштија салата на Генералното собрание на ОН на почетокот на говорот на Нетанјаху